Нешта што мажите им ги откриваат само на жените кои ги сакаат

од desk2

Понекогаш мажите не сакаат да разговараат за одредени теми со никого. Меѓутоа постојат многу работи кои би сакале да ги откријат, но само ако ги праша жената што навистина ја сакаат. Па, поставете му прашање на вашиот партнер за некои од следниве нешта и навистина ќе се изненадите.

Сака силно да ве прегрне
Вљубениот маж е подготвен да ја допира неговата сакана со денови. Зарем партнерот никогаш не ви кажал колку му е убаво кога спие во вашата прегратка? Слободно прашајте го за ова, а одговорот пријатно ќе ве изненади.

Страв му е дека ќе ве изгуби
Тоа што мажите најмногу се обидуваат да го сокријат од другите е фактот дека и тие можат да бидат исплашени. Можеби партнерот нема директно да ви каже, но тој секогаш се плаши дека може да ве изгуби. Обидете се некогаш да го прашате како го замислува животот без вас.

Потреба за емоционална поддршка
Мажите можат да направат сè за да не покажат дека им е потребна помош. Кога доволно добро ќе го познавате вашиот партнер, ќе знаете кога му е потребна поддршка, дури и без да ви каже. Но, најдобро е во овие ситуации директно да го прашате.

Сексуални фантазии
Сексот и фантазирањето често се придружени со чувство на вина и срам. Па, вашиот партнер можеби многу добро ги крие неговите желби од вас. Слободно прашајте го за неговите сексуални фантазии, па можеби ќе пробате и нешто ново и забавно во кревет.

Слични содржини