Неверојатни слики од Германија: Падна град во висина од 30 сантиметри (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Силно невреме го погоди германскиот град Ројтлинген, кој поради количеството град што падна среде лето, доби зимски изглед.

Според градските служби, висината на градот во центарот на Ројтлинген во петокот попладне изнесувала 30 сантиметри, пишува германски Билд.

Слојот од градот морал да биде расчистен со машини за снег.

Невремето било најсилно во центарот на Ројтлинген, кој изгледал како да е во средина на зимскиот период.

За неколку минути лисјата и градот ги блокирале одводните шахти, а водата навлегла во подземните паркинзи, подруми и станбени згради, па пожарникарите морале да интервенираат, пренесува Спутник.

Слични содржини