Никола Груевски: Ако СДСМ ја прифати албанската платформа ние ќе го спречиме тоа!

од Vladimir Zorba

До колку СДСМ ја прифати платформата на СДСМ, ние со задоволство ќе одиме во опозиција , изјави  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски  во вечерашното интервју за Тв Нова .

 

Ние ќе направиме се за да ја спречиме нејзината примена  во парламентот. Тоа нема ништо да придонесе, туку само ќе не раскараат, ќе има поголеми издатоци за државата , но нема да им го подобрат животот на Албанците.

СДСМ немаат капацитет за тоа некој друг им го изработи, но ние ќе го спречиме тоа во интерес на сите граѓани најави  вечерва  лидерот Никола Груевски.

Во преговориве со ДУИ ,немавме голема  дебата како што тврдат  и несогласувања само за СЈО,  тоа според мене  е изнудено од нив како став, и мислам дека и ДУИ не се за СЈО, но овојпат настапија така.  СЈО е само за уривање на раководството на ВМРО ДПМНЕ, и тие се силни затоа што не само СДСМ , туку и друг ги штити, тие имаат мисија и таа мисија се вика ВМРО ДПМНЕ. Ме носат пред СЈО само за да ме нарекуваат обвинет, и толку, раскажа Груевски, и рече дека нема да открива повеќе детали.

 

 

Слични содржини