Носете си чадор: Нè очекуваат пообилни врнежи од дожд

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурата ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Слични содржини