Новиот RAV4 Hybrid (фото+видео)

од desk2

„Toyota“ објави нова серија фотографии од моделот „RAV4“ со хибриден погон, пред стартот на продажбата на овој „SUV“ во Европа.

Петтата генерација на „Toyotа RAV4“ имаше светска премиера пред речиси една година во Њујорк, а на европскиот пазар ќе пристигне во првиот квартал од 2019-та.

Слично како и американската верзија, и европскиот модел со хибриден погон ќе биде достапен со 2,5-литарски бензински агрегат на кој му помага електромотор.

На располагање се две опции – верзија со преден погон и вкупно 218 ks, како и 4×4 верзија со 222 ks.

Според фабричките податоци моделот со погон на сите 4 тркала забрзува од 0 дo 100 km/h зa 8,1 секунди, a просечно троши 4,4 l/100 km.

Новиот „Toyota RAV4“ е поудобен од својот претходник, а има и поголем багажен простор. Волуменот на багажникот изнесува 580 литри, што е за 80-тина литри повеќе од претходно.

„Toyota“ при промоцијата за европскиот пазар, предност и даде токму на хибридната верзија, со оглед дека во Западна Европа 85% од купувачите на моделот „RAV4“ се одлучуваат токму за ваквиот вид на погон.

Слични содржини