Обединети за Македонија го поддржува францускиот предлог

од Nikola Popovski

Претседателството на Обединети за Македонија на синоќешниот состанок донело одлука за поддршка на т.н. француски предлог за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

Од партијата велат дека билатералните прашања не се дел од преговорите и дека се потврдува македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик.

-Правото на самоопределување е една од вредностите на Европската Унија. Затоа, најискрено советуваме, пред да излезете да протестирате, да го прочитате документот кој е јавно достапен и самите да донесете заклучок, дали ќе ја поддржете радикалната левица која шири невистини и идеологија чиишто земји каде е на власт истата, се најниско рангирани во светот, или ќе продолжиме по европскиот пат како горди Македонци, стои во соопштението на Обединети на Македонија.

Партијата апелира до македонската дипломатија, доколку во иднина не се почитува договореното, да ги прекинеме преговорите на одредено време.

Слични содржини