ОБНОВЕНА:Двајца загинати и 200 повредени по силниот земјотрес во Егејското Море (ГАЛЕРИЈА)

од Vladimir Zorba

Други околу 200 лица биле повредени, вклучувајќи 120 лица во Грција и околу 70 во Турција. Нема настрадани Македонци во силниот земјотрес во Грција и Турција

Жртвите се наоѓале на грчкиот остров Кос , потврдил градоначалникот и прецизира дека загинатите се странци.

Се смета дека странците се загинати по уривање на бар на туристичкото место. Подоцна грчките власти соопштија дека загинатите туристи се мажи од Турција и Шведска.

Некои од повредените на Кос се префрлени на   остров Родос, каде добиваат соодветен третман.

Грчки медиуми информираат за пет лица , кои се однесени на лекување од Кос на островот Крит. Тројца од нив се повредени потешко. Едниот од повредените е Грк. 

CCTV captures the moment waiters flee from restaurant after deadly earthquake in Turkish city of Bodrum http://bit.ly/2ufBXBZ 

Нанесени се штети на многу згради, меѓу кои и такви од XIV век.

Властите им препорачуваат на туристите да се воздржат од посети на плажите во наредните часови.

Во Турција потресот бил почувствуван во голем број туристички градови – Ајдин, Анталија, Бодрум, Мармарис и други.

 

  

Според различни извори  интензитет бил меѓу 6,3 и 6,9 степени според Рихтеровата скала. 

Вторите се потреси, меѓу кои и такви со сила над 4 степени според Рихтеровата скала. 

Земјотресот се случил околу 01,30 часот. По локално време и многу туристи ноќта ја поминале под отоврено небо

  

Patients are treated outside a hospital in the Turkish city of Bodrum following a deadly earthquake http://bit.ly/2ufBXBZ 

https://twitter.com/itvnews/status/888236267586158594

Слични содржини