Одбиено барањето на Саркози да не му се суди за незаконско финансирање кампања

од desk3

Суд во Франција денеска го отфрли барањето на поранешниот претседател Никола Саркози да не му се суди за наводно незаконско финансирање на неговата неуспешна кампања за претседателските избори во 2012 година.

Одлуката на судот значи дека случајот е вратен на обвинителите кои ќе решат дали да покренат случај против Саркози, кој ги негира обвиненијата.

Во центарот на случајот се наводите дека неговата политичка партија, тогашната УМП, соработувала со ПР фирмата Бигмалион за да ги прикрие вистинските трошоци за неговата кандидатура за претседател.

Во Франција постојат строги ограничувања на трошоците за кампањата.

Слични содржини