ОН усвоија резолуција со која се повикува Русија да се повлече од Украина

од Vladimir Zorba

Генералното собрание на ОН вечерва со големо мнозинство усвои резолуција по повод годишнината од нападот врз Украина, во која ја повикува Русија да се повлече од Украина и да ги прекине борбите.

Се наведува и дека резолуцијата повикува на „сеопфатен и траен мир“, пренесува Ројтерс. За резолуцијата гласаа 141 земја, а 32 беа воздржани.

Против резолуцијата беа седум земји, вклучително и Русија – Белорусија, Северна Кореја, Сирија, Мали, Еритреја и Никарагва.

Меѓу 141 земја што гласаа „за“ беше и Македонија.

Слични содржини