Орбан: ЕУ не смее да започне преговори за членство на Украина во блокот

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека земјата ќе продолжи да се придржува до ставот дека Европската унија не смее да започне преговори за членство на Украина во блокот, туку дека Европа треба да се стреми кон стратешко партнерство, пренесува „Ројтерс“, повикувајќи се на унгарскиот „Мандинер“.

Орбан, исто така, повтори дека ова прашање треба да биде отстрането од дневниот ред на самитот на ЕУ оваа недела.

„ЕУ се подготвува да направи грешка и ние треба да ја спречиме, дури и ако другите 26 членки се подготвени да ја направат. Ако сакаме да ја поддржиме Украина, како геостратешки сигнал, тогаш треба да го направиме тоа, но не со членство“, истакна Орбан.

Политичкиот советник на унгарскиот премиер, Балаш Орбан, претходно изјави дека пристапот на Украина во ЕУ останува „црвена линија“ за Унгарија, но дека Будимпешта е подготвена да го укине ветото на предлогот на ЕУ за финансирање на Украина во замена за одмрзнување на фондовите на ЕУ за финансирање на Унгарија во износ од 30 милијарди евра, кои блокот претходно ѝ ги ускрати на Будимпешта поради неисполнување на демократските стандарди на Унијата.

Слични содржини