„Оштетени штедачи“: Очекуваме позитивна одлука од Уставниот суд, утре ќе оддржиме мирен собир пред судот

Здружението „Оштетени штедачи“, попладнево испратија допис до медиумите во кое велат дека утре очекуваат позитивен исход од одлуката на Уставниот суд врзана за иницијативата поднесена од страна на здружението, а преку која се бара укинување на одреден член од Законот за банки.
„Како што претходно известивме, Уставниот Суд на своето планирано заседавање кое ќе се одржи  утре со почеток во 09.30 часот ќе донесе конечна се надеваме за нас позитивна одлука по поднесената иницијатива до Уставниот суд со којашто се бара укинување на предметниот член од законот за банки, бидејќи со истиот се прави нееднаквост и дискриминација на доверителите во стечајната постапка на банката, што е спротивно на начелата на владеење на правото дефинирани со Уставот на РСМ.

Со цел давање на поддршка на судиите, Здружението ќе оствари мирен собир пред Уставниот Суд, и со почеток во 9.00 часот воедно ќе одржи прес конференција за медиумите кои ќе бидат присутни.

Поради развојот на настаните што претходеа на оваа седница, имаме најава од нашето членство дека и покрај ескалацијата на пандемијата собирот ќе биде помасовен од сите собири пред Уставниот Суд досега.
Би сакале повторно да се заблагодариме на досегашната Ваша поддршка, и еве официјално да ве поканиме на нашата прес конференција која ќе ја одржиме пред просториите на Судот во терминот наведен погоре“, се вели во соопштението од „Оштетени штедачи“.

Слични содржини