Ослободија 7 од 11-те приведени за нападот во Лондон

од Vladimir Zorba

Лондонската полиција соопшти дека се пуштени на слобода 7 од 11-те приведени под сомнение за соучесништво во терористичкиот акт во срцето на британската престолнина.

Други двајца мажи остануваат во притвор, а две жени излегле со кауција до крајот на март, пренесе ВВС. Ова станува јасно неколку часа откако властите објавија фотографија на атентаторот, кој се удри со автомобил во луѓе на Вестминстерската мост, а потоа  нападна полицаец пред британскиот Парламент.

Мажот е на 52 години, идентификуван порано како Халид Масуд. Според властите напаѓачот е познат на полицијата поради различни нарушувања на редот, но не и за тероризам. Продолжува големата акција за претрес на над 21 локации, претежно околу Лондон, Бирмингем и во северозападниот град Манчестер. Терористот прегази многу пешаци на мостот во центарот на Лондон во средата попладне, го остави автомобил до парламентот, прободе со голем нож полицаец до влезот и се обиде да влезе во зградата, но беше смртно застрелан. Жртва на атентаторот станаа четири лица, а неколку десетици се повредени. Полицијата се обидува да утврди дали тој дејствувал сам. Одговорноста за нападот ја презеде “Исламска држава

Слични содржини