Пар го „хранел бебето со сонце“, новороденчето починало од глад: Бизарен случај од Русија ќе добие судски епилог

од Stefanija Kuzmanovska

Родителите кои веруваа дека „сончевата светлина е храна“ се уапсени откако нивното новороденче почина од глад. Оксана Миронова (33), мајката на детето е под истрага за случајна смрт, додека таткото Максим Лутији (43), блогер, е уапсен поради давање отпор на полицијата.

Чудниот пар наводно верувал во „хранење со сончева светлина“, пренесува британски „The Sun“, повикувајќи се на рускиот портал „Zvezda news“, а Лутији е познат и како „радикален корисник на сирова храна“, пренесува „Zvezda news“.

„Прелиминарната верзија за смртта на бебето е тешка исцрпеност… бидејќи блогерот се обидел да го вгради својот систем за исхрана во системот за исхрана на бебето“, се вели во извештајот.

Бебето- старо околу еден месец – било однесено во болница во близина на Сочи, откако се сомневале дека боледува од пневмонија и изнемоштеност предизвикана од глад.

Бебето подоцна починало поради „долготрајно гладување“.

Рускиот истражен комитет ја истражува смртта на бебето и е покрената кривична постапка.

Судијата на Миронова ѝ одредил куќен притвор во траење од два месеца.

Бебето наводно било родено дома во близина на големото црноморско одморалиште Сочи, а лекарите не го виделе.

Родителите на трагично починатото бебе се познати по основањето на клубот наречен „Жив човек“, кој се фокусира на подобрување на здравјето на луѓето и решавање на нивните лични проблеми.

Локалниот медиум „Caution News“ цитира извори од органите за спроведување на законот кои велат дека парот „се обидел да го префрли бебето на јадење прана (хранење со енергијата од сонцето)“, што наводно довело до трагичната смрт на момчето.

Слични содржини