Пендаровски најави граѓанска кандидатура – имал мандат „без ниту една стратешка грешка, афера и непотизам“

од Vladimir Zorba

„Станува збор за граѓанска кандидатура и ги повикувам сите граѓани од 3 март, недела, да дадат поддршка за мојата кандидатура со давање потписи во подрачните единици на Државната изборна комисија“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.

Тој додаде дека очекува во недела и СДСМ да ја формализира поддршката за неговата кандидатура, а од понеделник и останатите десетина партии од коалицијата на СДСМ.

„Главната причина за мојата кандидатура е што зад себе имам мандат без ниту една стратешка грешка, без ниту една корупциска афера и случај на непотизам, судир на интереси со мене, моето семејство, роднини, пријатели, најблиски соработници“ рече Пендаровски.

Претседателот додаде дека како национален координатор ги предводеше преговорите за членство во НАТО, а во неговиот прв мандат земјата стана членка на Алијансата.

„Очекувам во вториот мандат да станеме членки на ЕУ“ рече Пендаровски.

Слични содржини