Пендаровски за „Политика“: На „Мал шенген“ не треба да се гледа како замена за членство во ЕУ

од Vladimir Zorba

„Иницијативата за „Малиот Шенген“ е тема на дискусија и кај нас, и мислам дека во моментот сме на почеток и внимателно правиме планови. Во основата на овој концепт се наоѓаат четири таканаречени слободи – движење на луѓе, капитал, стоки и услуги – со цел да се отстранат трговските бариери и да се олесни движењето и трговијата во регионот. Според мое мислење, ова не треба да се гледа како замена за членство во европските институции“, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за српска „Политика“.

Тој сепак мисли дека треба да се разгледа форматот на иницијативата, бидејќи сегашната структура ги опфаќа сите земји што се дел од Западен Балкан и во таа насока може да го отвори прашањето колку е функционално во пракса, доколку во него имаа само три држави, бидејќи поголема вклученост на повеќе земји во регионот нуди подобар просперитет за целиот регион.

Слични содржини