Пет работи што не треба да му ги кажете на продавачот кога купувате автомобил

од desk2

Купувањето автомобил, нов или половен, е сериозна инвестиција за повеќето луѓе.

Целиот процес на барање, купување и средување документи може да биде напорен, особено ако сте финансиски ограничени, но сепак треба да одвоите време и нерви за оваа голема одлука.

Купувањето автомобил најчесто е борба меѓу купувачот и продавачот – купувачот сака да помине со помалку, продавачот сака да заработи некој денар плус на половното возило, односно бонус на продажба ако е вработен во автосалон.

Ако сакате да поминете поевтино при купувањето, треба да следите неколку едноставни совети, односно да знаете кога, народски кажано, да ја „запетлате устата“.

Ова се неолку работи што не треба да ги кажете пред продавачот на автомобилот за кој сте заинтересирани.

Е овој баш ми се допаѓа!

Ако ова му го кажете на продавачот, тој ќе ја крене цената на автомобилот и ќе игра на вашите емоции. Затоа, зауздајте го ентузијазмот и не покажувајте голема заинтересираност.

Добро заработувам

Дали сте слушнале за „ценовна дискриминација“ или „дампинг цена“? Тоа е практика на дискриминација на потрошувачите од различни потрошувачки слоеви. Истиот автомобил се нуди по различна цена на различни купувачи според проценката колку анјмногу може да платат за него. Не мора да споделувате колку заработувате, ниту колку сте подготвени да платите.

Сакам месечна рата до ХХХ евра

Исто како и вашата куповна моќ, ова е нешто што вашиот продавач не мора да го знае, барем не додека не дојде време за тоа. Продавачите често вметнуваат непотребни податоци за месечните рати за да ги збунат купувачите во врска со вистинската цена. Така, поскапите модели ги претставуваат како поевтини од она што навстина се. На крајот на краиштата, не е исто да отплаќате рати за автомобил 3,5 или повеќе години. Поскапиот автомобил може да ви се види поевтин поради помалата месечна рата што ќе ја плаќате подолго време. Исто така не треба да ги заборавите другите камати.

Колку ќе добијам ако го заменам стариот автомобил?

Ако размислувате за замена на старото возило за ново со доплата, не го спомнувајте тоа додека не ја утврдите цената на автомобилот што ви се допаѓа. Купувањето и замената на старо за ново се две различни трансакции. Продавачот ќе ја смени стратегијата, а и цената, ако знае дека планирате замена старо за ново.

Плаќам во кеш

Повеќето луѓе немаат вишок пари во џеб за да платат во кеш нешто толку големо како автомобил. Напротив, повеќето луѓе се потпираат на кредит или барем отплаќање на рати. Ако имате пари во кеш за купување автомобил, не го споделувајте тоа со потенцијалниот продавач бидејќи ќе си наштетите сами. Така продаваќот ќе знае дека имате конкретна највисока сума со која располагате. Почекајте сам да спомне дека можеби ќе има попуст на крајната цена ако плаќате во готово, па тогаш кажете дека тоа е опција.

Слични содржини