Петков: Кај Заев има промена, надградувањето на односите ќе биде прашње на вистинска работа

од Берта Китинска

Надградбата е многу јасна, објективна и структурирана и ќе биде прашање на вистинска работа, а не на говори и политички пароли. Ова го изјави премиерот Кирил Петков за односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија по денешната седница на Советот на министри.

„Вчера добив повик од Зоран Заев да ми ја честита функцијата. Разговаравме за идејата за работни групи за која разговаравме во текот на кампањата. Ќе се структурираат што е можно поскоро, се надевам на почетокот на јануари ќе имаме јасен план. Вклучувајќи го и она за што разговаравме утрово – да вклучиме повеќе култура, инфраструктура и економија како дополнување на историјата, треба да направиме акционен план и овие работни групи да имаат реални резултати на почетокот на јануари, со идеја унапредување на преговорите во пооперативен план“, рече премиерот.

„Има промена кај Заев, тој самиот очекува да има нов премиер на почетокот на следната година, што ќе даде добар севкупен почеток“, рече Петков за неговиот разговор со премиерот на земјава.

Слични содржини