Петровска е подготвена да биде носител на листа доколку СДСМ одлучи да ја постави

од Nikola Popovski

Министерката за одбрана и дел од СДСМ Славјанка Петровска порача дека партијата се уште не донела одлуки за носителите на листите на претстојните парламентрани избори, но оти е подготвена да биде и носител на листа доколку е тоа партиска проценка.

-Таа одлука се уште не е донесена во рамките на партијата. Како што многу пати и досега одговорив, јас сум подготвена, ако е проценката направена, да бидам и носител или на избор на листа да бидам пратеник, а можам да не бидам воопшто. Она што досега го правам на сите позиции на кои што сум била назначена е да ги извршувам професионално и одговорно и сегогаш да дадам продонес за државата, вели Петровска на новинарско прашање во изјава за медиумите по брифингот за набавката на осум нови хеликоптери за Армијата.

На средбата со новинарите таа појаснува дека не е неамбициозна, но вели, треба да се направи проценка која ќе донесе подобри резултати за партијата.

Во СДСМ пак, покрај сигурниот Димитар Ковачевски во ИЕ 1, копјата се кршат меѓу Фатмир Битиќи, Сања Лукаревска, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, но тука се споменуваат и Венко Филипче, Јованка Тренчевска и токму Петровска.

Според пратеникот и портпарол на партијата, Дарко Каевски, завршува внатрепартиската постапка во СДСМ и со коалициските партнери за утврдување на пратеничките листи. Она што е сигурно е дека и на овие избори СДСМ ќе оди со коносители.

-При крај е внатрепартиската процедура и консултацијата со коалициските партнери и за многу скоро ќе излеземе со целосните листи составени од квалитетни кадри. Во однос на носителите кои ги објави ВМРО-ДПМНЕ се покажа уште еднаш дека тоа сe старитe кадровски решенија кои ја носат државата во изолација, коментираше Каевски.

Слични содржини