Петровска: Оставката на Заев е одложена до целосно стабилизирање на државата

од Vladimir Zorba

Оставката на премиерот Заев е многу јасна, очигледно дека опозицијата селективно ги следи медиумите и известувањата. Претседателот Заев и во владата и во партијата поднесе оставка, но како политичка партија во органите на партијата одлучивме тие да бидат одложени се до целосно стабилизирање на државата, изјави денеска на новинарско прашање Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Еден од тие процеси за стабилизација на државата е и зголемувањето на мнозинството и стабилизирање на парламентарното мнозинство, вели таа.

„Денот на гласањето кога сакаа да се изгласа недоверба стана јасно дека опозицијата го нема тоа долго најавувано парламентарно мнозинство. Како политичка партија сериозна и посветена на демократските процеси во државата остануваме отворени за понатамошна комуникација со сите политички партии, особено со оние кои ги делиме истите вредности“, додаде Петровска.

Слични содржини