Петрушевски за случајот „Онишченко“: Се кријат информации под превезот дека се државна тајна

од Vladimir Zorba

„Нема да дознаеме кој е одговорен за случајот Онишченко и тоа е проблемот на овој безбедносен сектор, се направи реформа на хартија, но реално надлежните не работат како што треба. Ние баравме да видиме дали институциите имаат капацитет да се справат со вакви ситуации”, рече пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Топ тема” што се емитува на телевизија Телма.

Петрушевски укажа дека се сѐ сведува на системска аномалија за да се избегне одговорност.

„Можеби надлежните биле свесни за недостатокот и го користеле истиот. Оттука може повторно да ни се повторуваат исти или слични вакви случаи”, посочи Петрушевски.

Според него треба да има одговорност, но дополнително е спорно што директорот на АНБ не понесе одговорност, туку му истече мандатот. Дополнително, кажа Петрушевски, проблем е што се кријат информации под превезот дека се државна тајна.

„Има и политика во издавање на сертификатите или кога одговара се издаваат брзо, а кога не се одолговлекува. Еве за мене како пратеник член на таа специфична Комисија за надзор на АНБ И Агенцијата за разузнавање беше одолговлекувано издавање на сертификатот. Најдолго во месец дена треба да се издаде, но тоа не се случи и оправдување од сега веќе поранешниот директор беше дека имал многу работа”, посочи Петрушевски.

Пратеникот укажа дека како пратеници не можат да ја вршат улогата на контролор на АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Слични содржини