“Пежо Ситроен” стана првата западна компанија која има обврзувачки договор со иранската бизнис група по укинувањето на санкциите против Иран на 16 јануари оваа година.

2012712165018358734_20

Францускиот производител на автомобили формира заедничко фирма со седиште во Техеран “Кодро” за производство на широк спектар на автомобили. Се очекува инвестицијата на “Пежо Ситроен” да достигне 400 милиони евра во наредните 5 години.

Во понеделникот Французите ја и пронајдоа првата продавница со изложбен салон во Иран.

Денес иранскиот претседател Хасан Рухани пристигна во Франција по тридневна посета на Италија. Турнејата има за цел да ги обнови прекинатите врски меѓу исламската република и европскиот бизнис.

Се очекува и други водечки компании од ЕУ да инвестираат во Иран или да имаат корист од новите пазарни можности. Една од можните зделки е за Airbus од каде Иран ќе купува повеќе од 100 нови патнички авиони.

Додека беше во Италија, делегацијата на Рухани договори зделки за 17 милијарди евра, но за ниту една од нив се уште нема потпишан обврзувачки договор.

“Пежо Ситроен” почна преговори со “Иран Кодро” веднаш откако стана јасно дека санкциите против исламската република можат да бидат укинати пред 18 месеци.

Брендот “Пежо” беше најпродаван во Иран до 2012 година со речиси половина милион автомобили годишно и со пазарен удел од 30%, но затегнувањето на санкциите ја принуди француската компанија да се повлече.

Инвестицијата на “Пежо Ситроен” во “Иран Кодро” ќе овозможи и извоз на автомобили за регионот. Фабриката треба да започне да работи во втората половина на 2017 година, од каде ќе излегуваат по 200 000 автомобили годишно од моделите 208 и 301.

Слични содржини