Пјонгјанг: Извршена успешна симулација на нуклеарен напад врз Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја објави дека извршила тактичка вежба со симулација на нуклеарен напад врз командните пунктови и аеродромите на Јужна Кореја, „како предупредувачки знак“ за претходното распоредување на американски стратешки бомбардери во регионот.

„Ракетната единица истрела две тактички балистички ракети североисточно од меѓународниот аеродром во Пјонгјанг и прецизно ја изврши својата мисија за нуклеарен удар“, објави државната новинска агенција КЦНА.

Војската на Јужна Кореја претходно во средата соопшти дека Северна Кореја истрелала две балистички ракети со краток дострел во морето, неколку часа откако САД распоредиле бомбардери Б-1Б како дел од воздушните вежби на сојузниците.

Слични содржини