По 23 години брак, дознале дека се во крвно сродство: Холивудскиот пар има две деца

од Stefanija Kuzmanovska

По 23 години брак, холивудската двојка Кевин Бејкон и Кира Сеџвик дознале дека се далечни роднини, а до ова откритие дошле случајно пред неколку години – гостувајќи во емисијата „Finding Your Roots“ која се занимава со проучување на семејните стебла на познатите.

Водителот на емисијата, Хенри Гејт Луис, покажа ДНК докази кои илустрираат дека Кира Сеџвик и Кевин Бејкон се роднини по деветто колено, што значи дека Кира е братучедка на Кевин.

Зборувајќи за откритието, Кира призна дека целото искуство било „малку шокантно“. Сепак, тие добиле објаснување дека оваа појава е многу почеста отколку што се мисли.

Всушност, ако двајцата партнери имаат француско-канадско потекло или колонијални американски корени – големи се шансите тие да се братучеди.

Тие двајца се венчаа во 1988 година, кога Кевин имаше 30 години, а Кира 23, а денес имаат две деца и важат за еден од најстабилните холивудски парови.

„Таа е љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но, кога таа дојде во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Меѓутоа, љубовта се случи и нашите деца почнаа да се раѓаат, а понудите за филмови конечно почнаа да се појавуваат“, опишал Кевин своевремено.

Слични содржини