По кратко и тешко боледување, почина ѕвездата на „Наркос“

од Vladimir Zorba

Мексиканскиот актер Адан Канто почина на 42-годишна возраст по кратка битка со ракот на слепо црево за кој никогаш не зборувал јавно.

Американското актерско деби на Кантo се случи во 2013 година во криминалната трилер серија на Фокс „The Following“, со Кевин Бејкон во главната улога.

Роден во Мексико, Адан Канто пораснал во Тексас, а пред да глуми изгради музичка кариера. Тој напиша песни за неколку мексикански ТВ емисии и филмови, а на крајот самиот излезе на сцената во театарска адаптација на „All About My Mother“ на Алмодовар.

Првата ТВ улога ја имаше во 2009 година во серијата „Estado de Gracia“, а неговото американско актерско деби се случи во 2013 година во криминалната трилер серија на Fox „The Following“ .

Тој продолжи да глуми во ситкомот на ABC „Mixology“, криминалната драма на Нетфликс „Narcos“, „Blood and Oil“ и „Second Chance“.

Неговата прва голема филмска улога беше суперхеројот во серијата на Фокс „X-Men: Days of Future Past“.

Зад себе ги остави сопругата Стефани Ен Канто и двете деца – Роман Алдер и Ева Џозефин.

Слични содржини