Почина позната комичарка на 32-годишна возраст

од Stefanija Kuzmanovska

Ѕвездата на комичното шоу „Wild ‘N Out“, Жаклин Смит, попозната како Џеки О, почина на 32-годишна возраст, пренесува TMZ.

Таа починала во Мајами, каде што престојуваше со нејзината мајка.

Тажната вест ја потврдија и на социјалните мрежи на познатото шоу.

„Длабоко сме тажни поради смртта на Жаклин Смит, попозната како Џеки О, талентирана членка на семејството Wild N Out. Ќе ни недостига и ќе биде запаметена засекогаш. Џеки беше многу сакана од нејзините колеги во текот на петте сезони во кои учествуваше. Уште поважно, таа беше прекрасна мајка на три прекрасни деца. Изразуваме искрено сочувство“, се вели меѓу другото во соопштението.

Слични содржини