Почина уште едно бебе невакцинирано од морбили

од Vladimir Zorba

На Клиниката за детски болести вчера почина  13-месечно бебе од тетовскиот регион поради компликации предизвикани од морбили, соопшти Министерството за здравство. Бебето претходно не било вакцинирано.

„Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација.

„Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет“, велат од МЗ.

Тоа е трет случај во изминатите три дена.

Слични содржини