Починаа 7 лица од корона, најмладиот имал 35 години

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица од Ковид-19, соопшти министерството за здравство.

Од нив, 2 починати лица се од Битола (79г и 90г) и по едно починато лице од Скопје (73г), Штип (35г), Охрид (90г), Крива Паланка (91г) и Делчево (64г).

Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата е 7.801.

Слични содржини