Подигнато обвинение против Трамп

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за незаконско ракување со доверливи документи.

Тој, наводно, ги задржал документите по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година. Ова е прво федерално обвинение во историјата на САД против поранешен претседател на САД.

Самиот Трамп ја објави веста за обвинението, нарекувајќи го политички мотивирано.

„Ова е црн ден за САД“, рече Трамп, додавајќи дека никогаш не помислил дека вакво нешто може да му се случи на поранешен американски претседател.

Трамп додаде дека е повикан да се појави пред федералниот суд во Мајами во вторник.

„Јас сум невин човек“, порача тој.

Американското министерство за правда јавно не го потврди обвинението, но американските медиуми јавуваат дека обвинението содржи седум точки.

Според „Њујорк Тајмс“, Трамп е обвинет за заговор за попречување на правдата, давање лажни изјави и свесно криење на тајните на националната одбрана, како форма на прекршување на Законот за шпионажа.

Слични содржини