Полицаец од Бор е приведен поради давање информации околу исчезнувањето на девојчето

од Симе Стоиков

Полицаец од СВР Бор е приведен поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2), дознава Н1.

Не се знае за какви информации станува збор и кому полицаецот ги дал, но се работи за информации од истрагата кои евентуално би можеле да ја загрозат.

Да потсетиме, потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ од околината на Бор, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, се уште трае.

Се претресуваат куќи и населби, се расчистува дворот. Мајката на девојчето повторно е во полиција, но како помош поради различните пријави што ги добива полицијата.

Две специјалистички спасувачки екипи за урнатините од Белград и Нови Сад започнаа детално пребарување на просторот околу куќата, соопшти МУП.

Слични содржини