Поранешен фудбалер го загрижи фудбалскиот свет: Пријавен е за исчезнат, страда од депресија

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот фудбалер Марк ван ден Богарт го загрижи целиот фудбалски свет, особено оној во Холандија, откако беше објавено дека исчезнал.

Според информациите од Холандија, Марк исчезнал на 6 јануари и оттогаш му се губи трага.

Неговото исчезнување го пријавило неговото семејство во полиција која се уште трага по него, а неговата фотографија кружи на интернет и социјалните мрежи, но и основни информации во случај некој да го види или да дознае нешто за него.

Неговата поранешна сопруга откри дека поранешниот фудбалер страда од депресија и има потреба од лекови.

„Многу сме загрижени за неговата психичка и физичка состојба. Тој страда од депресија и мора да пие лекови секој ден“, рече таа.

Ван дер Богарт ги помина сите младински категории на Феенорд, а потоа во 2005 година замина во Шпанија, односно Севиља каде беше член на Б тимот. Во текот на кариерата го носеше и дресот на Мурсија, Дордрехт, НЕЦ, како и неколку нисколигаши.

Според некои информации, можно е Марк да е во Шпанија, бидејќи со себе го зел пасошот, но се уште ништо не е потврдено.

Марк има 37 години.

Слични содржини