Постигнат договор: Кои граѓани ќе добијат македонско државјанство?

од Nikola Popovski

Власта заедно со Алтернатива и Алијанса за Албанците постигнале конечен договор за Законот за државјанство, по што се очекува закoнското решение да влезе во собраниска процедура идната недела.

Според информациите од преговарачките тимови, доволно ќе биде барателот да поднесе извод од матична книга, свидетелство или диплома, доказ од платен данок, сметки или пасош од поранешна СФРЈ.

-Познавањето на македонски јазик останува задолжително, вели премиерот Заев, за барањето на Алијанса и Алтернатива кои претходно предложиле државјанство да може се земе со познавање само на албанскиот јазик.

Според догoвореното, македонско државјанство ќе добијат сите оние кои од 90-тите години на минатиот век живеат на оваа територија, но не биле нејзини државјани.

-Мислам дека следната недела законот ќе се достави во Собрание и после зависи од претседателот на Собранието Џафери кога ќе го стави на дневен ред. Ние веруваме дека набрзо ова решение ќе биде дел од собранискатата дебата, рече Илми Азири , пратеник од Алијанса за Албанците.

Претходно, двете партии го блокираа Собранието со барање да се реши статусот на луѓето кои долго време живеат овде, а немаат државјанство.

Според проценките на власта, со новиот закон ќе се реши статусот на неколку илјади граѓани кои живеат во земјава, а бидејќи немаат државјанство не можат да ги исполнуваат обврските кон држава, но и да ги уживаат правата.

 

Слични содржини