ПОВТОРНО ПУКАЊЕ ВО АМЕРИКА: Тројца мртви во пресметка во паб во Висконсин

од Stefanija Kuzmanovska

Три лица загинаа, а две се тешко повредени во пукање во паб во американската држава Висконсин, пренесува АП.

Локалната полиција соопшти дека пукањето се случило синоќа околу еден час по полноќ по локално време.

Осомничениот напаѓач не бил фатен, а од полицијата изјавиле дека пукањето досега изгледа како „насочено“ и дека станува збор за „изолиран инцидент“, поради што локалните власти не веруваат дека јавноста е во опасност.

Патот кој води кон пабот е затворен, а инспекторите се на местото на настанот и го испитуваат случајот.

Полицијата сè уште се обидува да ги утврди идентитетите на починатите.

Слични содржини