„Правеа ужасни, страшни работи“: Застрашувачко сведоштво на девојката која го преживеала нападот на Хамас

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот модел Ноам Мазал Бен-Давид (27) го преживеала масакрот на Хамас на 7 октомври преправајќи се дека е мртва два часа под телото на своето момче Давид, откако тој и десетици други биле убиени од милитантите на Хамас пред нејзини очи.

Ноам и нејзиното момче биле меѓу луѓето кои побегнале од смртоносниот фестивал додека вооружени лица на Хамас ги бркале.

Двајцата пристигнале на фестивалот во 6:30 часот наутро на 7 октомври, несвесни дека тоа ќе биде денот кога Хамас ќе започне напад врз Израел во кој загинаа 1.400 Израелци, од кои многумина цивили.

„Нè опколија и само пукаа, без престан. Слушнав девојка како вика: ‘Те молам, не ме убивај. Само остави ме на мира’. Но сепак ја киднапираа. Тие ѝ правеа ужасни, страшни работи“, изјави Ноам.

Ноам, која не можела да побегне со својот автомобил бидејќи напаѓачите ги блокираа излезите, се присети како очајно ги повикувале семејството и пријателите, споделувајќи ги нивните локации и молејќи за помош.

„Кога напаѓачите на Хамас се приближија, Давид ме зеде и ме фрли во задниот дел од комбето, велејќи ми да се вовлечам што е можно подлабоко и да се скријам. Еден од нив скокна внатре и извика ‘Алаху акбар’ и бомбата експлодира и почнаа да пукаат без престан. Тоа беше руски рулет кој ќе го добие куршум“, навела потресената девојка.

Ноам откри и дека нејзиното момче Давид било застрелано во градите и починало, додека девојката која лежела врз неа била застрелана во рамото.

Слични содржини