Предлог-зaконот за државно правобранителство пред пратениците на 16. јануари

од Nikola Popovski

Со измените кои ги предложи Министерството за правда се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност за мирување на државноправобранителската функција во случај државните правобранители да бидат избрани или именувани на друга функција или должност, велат попладнево од ресорот правда преку соопштение. Предлог-зaконот за државно правобранителство ќе се најде пред пратениците на 16-ти јануари.

Според нив, ова се наметна како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се избираат државните правобранители.

Предлог Законот за дополнување на Законот за државното правобранителство содржи три члена, со кои се предвидува натамошно подобрување на одредбите во насока на обезбедување на можност доколку државниот правобранител е избран од редот на државните правобранители за Државен правобранител на Република Северна Македонија по  истек на времето за кое е именуван, а со негова согласност Владата на Република Македонија да го именува за функцијата државен правобранител за подрачје каде што претходно ја обавувал државно правобранителската функција.

Измената се предлага  како потреба од воведувањето на неограничениот мандат на кои се именуваат државните правобранители.

Со предложените измени се предвидува и усогласување на одредбите од законот со Законот за употреба на јазиците.

Слични содржини