Предупредувачко видео: Зошто не треба да гледате во мобилниот додека возите?

од desk2

Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.

Речиси на секој возач му се има случено да го сврти вниманието кон мобилниот телефон додека вози, но тие неколку секунди невнимание може да бидат опасни, па и фатални.

Судејќи по описот наведен во објавата на ова видео, се работи за типичен пример за тоа што се случува кога не ги држите очите на патот, односно гледате во мобилниот. Снимателот го видел возачот на камионетот дека гледа во мобилниот наместо на патот и со голема брзина удира во возилото пред него, предизвикувајќи верижен судар.

https://www.youtube.com/watch?v=J5Fg9FJqH7s

Опасноста е иста без разлика дали читате или пишувате порака, проверувате нотификација или обавувате друга активност на вашиот смартфон додека возите.

Ваквите слики е тешко да се гледаат, а уште потешко да се доживеат. Од РСБСП советуваат следен пат кога ќе го слушнете звукот за нова порака, да се сетите на овие 5 причини поради кои ќе одолеете да не одговорите:

Можноста за сообраќајна незгода е 23 пати поголема доколку пишувате кога возите.
Пишувањето порака ја намалува реакцијата за запирање на возилото за 18%, а ја зголемува можноста за предизвикување сообраќајна незгода за 6 пати.
Пишување порака додека возите е еднакво на возење со затворени очи цели 6 секунди за кои возило со брзина од 60 км/ч поминува 100 метри.

Одвлеченото внимание е опасност и за возачите и за патниците, но и за пешаците, велосипедистите, моторциклистите…. безбедното тргање на погледот од патот трае само 2 секунди!
Ако е итно и неодложно – запрете го возилото. Ова ќе ви одземе една минута, но ќе ви го спаси целиот живот.
Иако е тешко да се оддолее на предизвикот да одговорите на телефонски повик додека возите, сепак, пред да го направите тоа, размислете уште еднаш, дали вреди да го ризикувате животот тие неколку секунди и да доведете нечиј живот во опасност или ќе почекате па ќе го направите тоа кога ќе имате вистинска можност.

Слични содржини