Прегазен пешак во Битола, возачот избегал

од Radmila Tasevska

Вчера во 18.35 часот во СВР Битола било пријавено дека нa ул.„Тодор Паница“ во Битола, патничко возило удрило во К.П.(71) од Битола и го напуштило местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини