Приведен маж од тетовско баран со потерница

од Nikola Popovski

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (17 март) околу 14 часот и 30 минути на локалниот пат за тетовското село Требош го привеле 35-годишниот М.А. од Требош.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на едногодишна затворска казна за сторено „тешко дело против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ казниво по член 300 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.

Слични содржини