Продлжува „Рекет“, денеска со нови сведоци на Боки

од Берта Китинска

Двајца нови сведови предложени од Бојан Јовановски – Боки 13, денеска треба да се сослушаат на рочиштетот за случајот „Рекет“.


На вчерашното рочиште судијката Васка Николовска – Масевска соопшти дека адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13, Сашко Дукоски поднел известување до судот декс ги повлекува овие три лица од листата на сведоци.Вчера во судницата сведочеа стилистот Сергеј Варошлија, Марија Јанковска, сопственичка на продавница за оптика и Алекс Кртов, сопственик на галерија.

Сергеј Варошлија во своето сведочење посочи дека Боки го знае скоро 15 години.Со него работел на повеќе проекти но истовремено се дружеле и приватно.„Јас и Лазар Јанев заедно со Анета Кочишки делевме иста канцеларија. Лазар ми помогна многу во сверата на правото“, истакна Варошлија.

Според него, Ана Камчева ја познава бидејќи му била клиентка, а Зоран Милевски го познавал од град.„Тој често доаѓаше во теливизијата на Бојан, одевме заедно по слави, родендени, се дружевме и приватно“, сведочеше Варошлија.Варошлија раскажа дека Јовановски бил близок многу со неговата баба Евгенија и дека таа како што рече, му оставила материјални добра на својот внук Јовановски за да го обезбеди.

„Бојан беше многу модно освестен, и беше многу интересен на многу модни дизајнери, кои го повикуваа на модни ревии и му подаруваа парчиња брендирана облека“, сведочеше Варошлија.Тој посочи дека во една прилика Зоран Милевски во телевизијата дошол со Ана Камчева.

На сведокот прашање му постави и обвинителката Вилма Русковска. Таа го праша дали му е познато дека кај Јовановски нашле фискални сметки за брендираната облека, на што приговараше адвокатот Сашко Дуковски.Апелациониот суд ја отфрли жалбата на обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски и гаранцијата од околу 143.000 евра која ја понуди за да излезе од притвор.Јовановски е обвинет за перење пари и за примање награда за противзаконито влијание, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Слични содржини