Променливо облачно, со услови за пороен дожд на истокот

од Aleksandar Petrovski

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе биде значително посвежо. Во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 25 до 33 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во петок ќе има појава на изолирана нестабилност проследена со умерен до засилен северен ветер, а потоа следува претежно стабилен период во кој температурата нема многу да се менува.

Слични содржини