Првиот електричен автомобил на Volvo ќе биде моделот

од desk2

Компактниот SUV на Volvo, моделот XC40, ќе биде првиот автомобил на овој произведувач кој ќе добие целосна електрична верзија.

Ова го изјави шефот за дизајн Томас Ингенлат, кој е заслужен за изгледот на новата генерација на автомобили на шведската марка.

Ингенлат во разговор за „Autocar“, при претставувањето на новиот модел S60, потврди дека XC40 на струја ќе пристигне откако Polestar, бренд кој се оддели од Volvo, ќе го лансира својот втор електричен автомобил во 2019 година, кој ќе ја носи ознаката „2“.

Polestar 1 имаше своја премиера во октомври 2017 година, како прв модел со самостојна марка, која порано беше позната по модификациите кои ги правеше на автомобилите на Volvo.

Во прашање е спортско купе со хибриден погон, коe располага со 600 коњски сили.

После електричниот XC40, ќе следува и XC90 на струја, меѓутоа дури во 2021 година, кога ќе биде претставена новата, трета генерација на овој голем SUV.

Ингенлат рече дека Volvo ќе го стави својот фокус на електрични верзии на веќе постоечките модели, наместо да развива некаков посебен модел кој би имал погон на струја.

Тој предвидува дека Polestar ќе биде тој кој ќе развива модели само со електричен погон.

Слични содржини