Првото 5Д кино за возрасни отвори врати во Амстердам

од Vladimir Zorba

Ако некогаш ни недостасувале причини, за да го посетиме Амстердам, по отворањето на првото 5Д кино за возрасни веќе не би требало да имаме сличен недостиг.

За оние од нас кои се прашуваат што е 5Д кино за возрасни, еве кратко објаснување.

Станува збор за мала кино сала, опремена со подвижни седишта, прскалки за вода, бесплатни марамчиња и екран на кој се прикажува 3D порно.

Филмовите имаат истакнати холандски порно актерки, а киното не е само за туристи.

Идејата е да привлече и локални парови кои бараат начини да ја „зачинат“ својата врска и да се опуштат по долгиот работен ден.

Кино-салата наликува на оние псевдо-вселенски бродови, кои ги гледаме по саемите и во забавни паркови, кои се тресат и вртат во зависност од снимката што се проектира внатре.

Слични содржини