Птичји грип детектиран на фарма во Унгарија

од Stefanija Kuzmanovska

Унгарската национална канцеларија за безбедност на синџирот на храна (Небих) денеска извести дека открила појава на високопатогениот вирус на птичји грип  H5N1 на фарма за мисирки.

Властите соопштија дека започнале да колат повеќе од 25.000 мисирки на фармата каде што е откриен вирусот, пренесува „Ројтерс“.

Епидемијата е забележано во областа Хајду-Бихар.

Минатиот месец Небих пријави епидемија на вирусот H5N1 на три фарми во областите Бах-Кишкун и Бекеш, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини