Путин: Односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во последните неколку години

од Vladimir Zorba

Односите меѓу Русија и Кина достигнаа највисоко ниво во последните години, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со кинескиот вицепремиер Џанг Гуокинг.

Путин посочи дека Русија и Кина ќе продолжат да ја подобруваат соработката, пренесе РИА Новости.

Рускиот претседател рече дека за никогаш подобрите односи меѓу двете земји сведочи и фактот што кинескиот претседател Си Џинпинг, откако беше реизбран на таа функција, првпат ја посети Русија во март.

Слични содржини