Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди Јапонија на први јануари се искачи на 94, а бројот на исчезнати на повеќе од 200.

Поради земјотресот евакуирани се околу 33.000 луѓе.

Јапонската влада планира да искористи околу 28 милиони долари од резервниот фонд за да ги поттикне спасувачките напори, а бројот на војници кои учествуваат во спасувањето е двојно зголемен, на 4.600.

Сè уште не е познат степенот на штетата поради оштетените патишта и прекините на комуникацијата во префектурата Ишикава, пренесува агенцијата Кјодо.

Се верува дека голем број луѓе се уште се затрупани во урнатините на градот Ваџима, каде што голем пожар го зафати главниот пазар.

Околу 750 луѓе се блокирани во областите Ваџима и Сузу, како и на патиштата кои водат до најтешко погодените области.

Слични содржини