Реџепи: Алтернатива чека пред Влада за да биде дел од неа, зошто ние да излеземе

од Берта Китинска

„Ние имаме 61 пратеник моментално. 61-от ќе го дознаете брзо. Освен тоа, ниту една партиска одлука нема за да излеземе од Влада. Не заседуваат партиски органи на оваа тема. Треба да почекаме. Не знам зошто се брзаат поединци во Беса. Треба да се почека. Да почекаме до 14 декември“, вели патеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Click Plus“.

Тој е убеден дека ќе добиеме датум за почеток на преговори.

„Од друга странам партијата Алтернатива чека пред вратите на Владата за да биде дел од неа, зошто ние да излеземе“, додава Реџепи.

Заев во изјава за Алсат потврди дека во текот на денот имал комуникација Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од Владата.

Гаши минатата недела изјави дека немале добиено понуда од СДСМ, и рече дека е принципиелно прво да дискутираат со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците за да видат каков е нивниот капацитет за развој на понатамошните процеси и за излез од кризата. Сепак СДСМ неофицијално разговара со повеќе партии за окрупнување на парламентарното мнозинство кое сега брои 59 пратеници.

Слични содржини