Реџепи: Јас сум против коалиција ААА-ВМРО доколку Мицкоски не се повлекува од условувањето за уставните промени

од Берта Китинска

„Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не се повлекува од условувањето за уставните промени за да се тргне дефиницијата 20% за Албанците, ќе се само-постави под кожата на екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски“, вели пратеникот од редовите на Алтернатива, Скендер Реџепи – Зејди во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21.

„Кревав глас и пак ќе кренам. Едно ВМРО кое не не прифаќа нас како еднакви во Устав, никогаш нема да ја има мојата поддршка. Убеден сум дека ВМРО треба да рефлектира во оваа насока, без условувања. Условувањата не се дел на политичкиот дијалог“, вели Реџепи во „Click Plus“.

Слични содржини