Реџепи: Можно е да променам место на седење во Собранието

од Vladimir Zorba

Се уште сме немале пленарна седница, a таму се обележани местата. Јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фазил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата, иако тоа е дискутабилно. Му сугерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, изјави пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.

На прашањето дали редовно го посетува Парламентот, Реџепи истакна дека е редовен, кога има обврски.

„Вчера имаше една регионална конференција за соработка со медиумите“, додаде тој.

Слични содржини