Реџепи: Повлекувањето на оставката на Заев ме предомисли,не можев со своја рака да пресудам

од Берта Китинска

Кастриот Реџепи вели дека со повлекувањето на оставката на Заев и преименувањето на одлуката за Желино се предомислил и решил да не гласа за Иницијативата за недоверба на владата.

Реџепи образложи дека таквата одлука била донесена во момент кога премиерот Заев Заев најавил оставка, „немаше кормилар и не се знаеше кој ќе го наследи, и со тоа паѓаше во вода и евроинтеграцијата на земјата“.

-Кога премиерот Заев ја одложи оставката, кога Желино не беше прегласано и кога ги имавме сите овие информации, јас како Кастриот Реџепи не можев со моја рака да дозволам да пресудам. Доколку господинот Заев останеше во оставка во тој случај јас немаше да размислувам, вели Реџепи.

Пратеникот, кој до скоро ги бранеше боите на Беса во парламентот, рече дека во четвртокот самоволно се засолнил за да не дозволи земјата да отиде во правец кој е спротивен на неговите идеолошки определби.

Слични содржини