Регистрирана брзина од 209 км/ч: Казнети 209 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

од Vladimir Zorba

Во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 209 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа, 93 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 116 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Слични содржини