Руски суд осуди поранешнa соработничка на Навални на девет и пол години затвор

од Vladimir Zorba

Рускиот суд ја осуди Ксенија Фадеева, поранешна соработничка на опозицискиот лидер Алексеј Навални, на девет и пол години затвор за раководење со „екстремистичка организација“, објави нејзиниот правен тим.

Фадеева е локален пратеник во сибирскиот град Томск од 2020 година, а исто така е и поранешен шеф на антикорупциската организација на Навални во регионот, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека во 2021 година, руските власти ја означиле организацијата „екстремистичка“ и ја забраниле, наметнувајќи строги казни за лицата кои претходно биле вклучени во нејзините активности.

Слични содржини